Пчеларска Фарма ''МАКАВЕИ'' е современа пчеларска фарма која се наоѓа во село Серменин, Кожуф планина, Гевгелија. Благодарение на незагадената чиста и здрава природа, далеку од градската врева и загадување, соединета со професионално пчеларење, ''Макавеи'' произведува висококвалитетни производи: мед, полен, мед во саќе, прополис, матичен млеч и украсни восочни свеќи. Нашата мисија е да произведуваме висококвалитетен мед, кој не само што ќе го задоволи вкусот на нашите потрошувачи, туку и да им пружи бројни здравствени благодети. Веруваме во одржување на хармонија помеѓу човекот и природата, и затоа прибегнуваме кон традиционални методи на пчеларење, соединети со најновите технологии на денешното време.
Со своето повеќегодишно постоење Макавеи за својата професионалност и висококвалитетни пчелни производи има добиено високи признанија и награди на меѓународни саеми и натпревари за квалитет на мед и пчелни производи: “Медена Тузла 2018”, Босна и Херцеговина - ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ЛИВАДСКИ МЕД, “МЕДЕНА ТУЗЛА 2019”, Босна и Херцеговина - ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ПЛАНИНСКО-ЛИВАДСКИ МЕД, ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА МЕД ВО САЌЕ, СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ЛИВАДСКИ МЕД, “САБОР ПЧЕЛАРА ВЕЛИКО СЕЛО 2019”, Република Србија - ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ЛИВАДСКИ МЕД. Особено сме горди на својот уникатен мед од врвот на планината Кожуф, мед од над две илјади метри надморска височина, кој поради својата уникатност се повеќе и повеќе е баран не само во Македонија туку и во странство.