ЦВЕТЕН ПРАВ - ПОЛЕН

useful

Atanasij Trajkovski

3 min read

a year ago

views: 92

ЦВЕТЕН ПРАВ - ПОЛЕН

Цветниот прав – полен претставува 100 % природен биоенергетик за регенерација и ревитализација на организмот. Тој е најхранлива протеинска храна, како за пчелите, така и за луѓето. Без полен нема развој на пчелното семејство, па дури и да е преполно со мед. Поленот е богат со хранливи материи и има идеална комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е, Д), 29 минерали (калиум, сицилиум, галиум, жива, магнезиум, цинк, олово, кадмиум, бакар, циркониум, фосфор, паладиум, молибден, хром, вандиум, калај, калциум, манган, железо, алуминиум, платина, титан, стронциум, сребро, никал, бариум, волфрам, кадмиум и јод), протеини со сите аминокиселини и над 50 ензими кои се потврда за лековитоста на овој дар од природата. Во 100 грама полен застапени се следните витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолан киселина 0,1 – 3,68 mg, Ц, Х, Д, Е, доста витамин А (каротин), витамин П (рутен), кој има значајна улога во испраќање на крвта од крајните завршетоци на мозочните ќелии со што се спречува сенилност, се зголемува циркулацијата и се намалува опасноста од мозочен удар.


Во поленот пронајдени се материи слични на машките и женски хормони па затоа поленот често се користи за машки и женски полови пореметувања. Поленот поседува и одредена антибактериски и антимикробни дејства.


Со секојдневна примена на полен можат да се неутрализираат следниве бактерии: Escherichia coli, Proteus vulgaris и Salmonella, микробите Staphhilococcus heamolyticus I pyogenes, Salmonella enteritidis, протозои Paramaecium caudatum, Amoebia limax, Euglena viridis, Vorticella и др. 


Човекот во својата исхрана добро е да зема по 1-3 мали лажички полен, затоа што тој придонесува за брзо заздравување на болните, како и за подобрување на состојбата кај здравите луѓе како первентива од заболување. Добри резултати се добиваат при слабокрвност, хипертонични заболувања, подобрување на имунитетот, анемија кај децата, рани кои тешко зараснуваат, јачење на организмот, хронични заболувања кај органите за варење, бубрезите и мочните канали, прерано стареење, лечење на целокупниот кардиоваскуларен систем (срце и крвни садови) артериосклероза, лечење на кожни болести, ја храни и подмладува кожата, лечење анемија, чир, проблеми со желудникот и дванаесетпалечното црево, тешки хируршки операции, интоксикација, ги отстранува заморот, стресот и депресијата, ја подобрува циркулацијата, ја лечи простатата и ја подобрува половата моќ и го освежува организмот по прележани инфекции.


Благодарение на присутниот рутен (антиоксиданс) ги штити крвните садови, позитивно влијае на цревната флора и е природен лек против артериосклероза. Ја подобрува крвната слика, го намалува холистеролот, ја зголемува мозочната активност и го подобрува квалитетот на кожата којашто ја освежува и регенирира во вид на хранлива маска.


Поленот содржи и аминокиселини, поради што има исклучително голема хранлива вредност па затоа особено го користат спортистите.


Претставува одлично дополнување во исхраната на деца, бремени жени и доилки.


 Мажите по 40 – тата година за заштита на простатата и одржување на виталноста на сперматозоидите, треба секојдневно да земаат по 1 супена лажица или 15 грама полен дневно.


Болните кои боледуваат од карцином на простата не треба да користат полен бидејќи може да дојде до крварење.


ОНИЕ КОИ СЕ АЛЕРГИЧНИ НА ПОЛЕН НЕ СМЕАТ ДА КОРИСТАТ ПОЛЕН!


Се раствара во мед, овошен сок, млак или ладен чај или млеко, наутро пред јадење или навечер пред спиење. Одлично оди во комбинација со смути и овошни салати.


Вообичаена дневна доза е 1-2 (10-15 гр.) супени лажици за возрасни, 1-2 лажички (2-6 гр.) за адолесценти и ½ - 1 лажичка за деца.

Продавница