useful
Atanasij Trajkovski2 min read
3 months agoviews: 28
КАДЕ ДА НАЈДАМ ПЧЕЛИН ВОСОК?
Уште во старите времиња пчелниот восок се користел во медицински и козметички цели. Резултатите на научните истражувања во последните години во многу земји ги потврдија неговите лековити својства. Има антибиотско дејство – ги уништува микроорганизмите. Се применува за лечење на воспалени и алергијски заболувања на дишните патишта.
Пчелниот восок поседува широк спектар на дејства. Ги омекнува тврдите ткива на кожата која станува мека и глатка. Ги отстранува брчките на лицето и помага во процесот на ревитализација. Сето тоа го одредува значајното место на восокот во козметиката.
Како пчелите произведуваат пчелин восок?
Пчелиниот восок е производ на восочните жлезди на пчелите работнички на возраст од 12 до 18 дена. Пчелите лачат восок од специјални жлезди лоцирани на нивниот абдомен. Кај пчелите постари од 18 дена, овие жлезди почнуваат да атрофираат. Восокот излегува безбоен и кршлив и со помош на нозете пчелата го пренесува од абдоменот во устата каде што почнува да го џвака и омекнува додавајќи плунка. Во текот на овој процес, во восокот се прибираат и делови од мед, полен и прополис што ја менува неговата боја.
Каде да најдам пчелин восок?
Најдобар и квалитетен пчелин восок произведуваат локалните пчелари кои со своето многугодишно искуство произведуваат високо квалитетен пчелин восок од своите пчелни семејства. Затоа, квалитетен пчелин восок секогаш купувајте од вашиот локален пчелар. За подетални информации обратете се во вашето локално пчеларско здружение.