useful
Atanasij Trajkovski2 min read
a year agoviews: 106
ПЧЕЛИН ВОСОК
Восок е пчелин производ кој се лачи од восочните жлезди на пчелата работничка. Служи како материјал за изградба на саќе и за заштита од влага. Додека е во восочните жлезди кои се наоѓаат во стомакот на пчелата тој е во течна состојба. При излегувањето од восочните цевкички при допир со воздухот, восокот се стврднува во вид на бели провидни плочи. Во моментот на градењето на саќето секогаш е во бела боја која пополека преминува во крем боја, во светло жолта до темно жолта, но постои восок кој е зеленкаста или црвенкаста боја. Тоа зависи од природната храна на пчелите а пред се од природните бои кои ги има во прополисот и цветниот прав – полен.
Природниот восок има пријатна специфична арома на мед која најмногу се чувствува при загревање и топење. Восокот е без вкус, со кристална структура која зависи од температурата. По својата хемијска природа пчелниот восок е сложена мешавина во која учествуваат преку 300 различни материи. Содржи етерични масла. Карактеристично за него е големата отпорност во однос на околината поради што може да ги сочува своите особини непроменети илјадници години.
Уште во старите времиња пчелниот восок се користел во медицински и козметички цели. Резултатите на научните истражувања во последните години во многу земји ги потврдија неговите лековити својства. Има антибиотско дејство – ги уништува микроорганизмите. Се применува за лечење на воспалени и алергијски заболувања на дишните патишта. Пчелниот восок поседува широк спектар на дејства. Ги омекнува тврдите ткива на кожата која станува мека и глатка. Ги отстранува брчките на лицето и помага во процесот на ревитализација. Сето тоа го одредува значајното место на восокот во козметиката.
Свеќите од пчелин восок се многу поздрави и еколошки прифатливи од обичните свеќи. Кога ќе запалите обична свеќа го загадувате воздухот и ги вдишувате хемикалиите кои се во неа и можат да предизвикаат потешкотии при работата не јетрата, леукемија и невролошки проблеми. Мирисот на вештачките свеќи може да ја оштети плучата, предизвикува главоболка и ги потикнува симптомите на алергија. Свеќите од пчелниот восок го прочистуваат воздухот во вашиот дом. Можат да го подобрат расположението, го зголемуваат нивото на енергија и здравје.