useful
Atanasij Trajkovski2 min read
a year agoviews: 86
ПРОПОЛИС – ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК
Прополисот е високо квалитетен пчелин производ со сложен хемијски состав. Уште пред илјадници години луѓето ја согледале лековитоста на овој пчелин производ и го користеле во медицински цели. Станува збор за ароматична смолеста леплива материја која пчелите работнички ја собираат од билките и дрвата и во неа ги вградуваат своите ензими. Прополисот ги штити пчелите од болести и го користат за дезинфекција на внатрешноста на кошницата.
По својот хемијски состав прополисот е комплексна смеса на биофлавониди, полен, растителни смоли, восок, балсам, танини, етерични масла, витамини Е и Б, железо, цинк, ензими иминерали. Научно е докажано дека прополисот по своите својства е чист антибиотик и не предизвикува штетни реакции во организмот. Бактерииите не создаваат отпорност на прополисот. Важи за најсилен природен антибиотик и антисептик, и затоа често се користи при воспалувања.
Прополисот има антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетско дејство. Делува на ситеврсти патогени организми. Многу брзо ги лечи проблемите во грлото и стомакот.Најчесто се користи во вид на алкохолен раствор (тинктура).
Прополис - лек на човештвото
Древните Грци и Римјани го користеле прополисот како лек за кожни болести, рани инфекции, а прополисот е впишан и во англиската фармакопеја во Лондон во 17 век. Од 17 – 20 век прополисот во Европа ја уживал популарноста како антибактерискосредство, а во Втората Светска Војна русите го користеле и во процесот на лечење туберколоза, бидејќи забележале дека ги олеснува тегобите во плучата и го подобрува апетитот.
Особено се препорачува да се користи за спречување болести, при недостаток на апетит, настинка и грип, ги лекува органите за варење, респираторните и гинеколошките органи, афти, гастритис, чир, ринитис,асматичен бронхитис и.т.н. Благодарение на активните флавониди, прополисот делува антиоксидативно, го успорува стареењето на телесните ќелии и генерално гоштити организмот од канцерогени заболувања.
Тинктура од прополис има докажано позитивно дејство и на регулирањето на крвниот притисок и воопшто се што е поврзано со крвотокот и циркулацијата. Тинктурата од прополис се препорачува за терапија против разни воспаленија, а особено против цревни заболувања. Ја обновува цревната флора.
Прополисот е одличен природен препарат за подигнување на имунитетот, обезбедува максимална заштита на организмот, ја зголемува продукцијата на антитела.
Денес прополисот најчесто се користи како алкохолен раствор, а може да се користии како безалкохолен раствор за деца. Прополисот со спреј многу е практичен бидејќи одлично ја опфаќа усната празнина и грлото, и овозможува подобра апсорпција на активните компоненти на лекот.
Примена: 20 – 30 капки, 3 пати на ден, 20 мин. пред јадење.
За деца: онолку капки колкушто имаат години.