КАКО СЕ КОНЗУМИРА ПОЛЕН?

useful

Atanasij Trajkovski

3 min read

2 months ago

views: 85

КАКО СЕ КОНЗУМИРА ПОЛЕН?




Поленот има исклучително позитивно влијание врз човечкиот организам. Поради своите исклучителни и вредни хранливи состојки и влијание врз човечкиот организам поленот е уште една супер храна подарена за човекот, а собрана од вредните пчели. Во овој пост нема да се задржиме на хранливите вредности на поленот и на неговото влијание врз човечкиот организам, повеќе можете да прочитате на нашиот пост „Цветен прав - полен“, туку повеќе ќе се задржиме на тоа како да се користи поленот и како најдобро да се чува. 


За да ги искористиме сите бенефити на поленот најдобро е да се користи свеж полен купен од локален пчелар. Свежиот полен многу лесно можеме да го вклучиме во нашата секојдневна исхрана, но потребно е да обрнеме внимание на следното: човечкиот систем за варење не може да ја разбие целулоидната опна со која поленовото зрно е обвиено. Секоја употреба на свеж полен кој претходно не е подготвен на соодветен начин, човечкиот организам многу малку ќе искористи од него. 


Затоа, за да ги искористиме сите хранливи материи на поленот најдобро е да го користиме на следниот начин:


1.300 грама свеж полен се меша со 1кг кристализиран или течен мед и се остава да отстои 7 дена за да поленовите зрнца под влијание на ензимите во медот пукнаат и да бидат повеќе употребени од нашиот организам;


2.1-2 супени лажици полен се ставаат во чаша со јогурт и од вечерта се остава да преноќи до наредиот ден кога веќе наутро на празен стомак може да се испие;


3.1-2 супени лажици полен, мед и боровинки се ставаат во сад со кисело млеко и се остава околу 12 часа, а потоа може да се користи.


4. 1-2 супени лажици полен и 1 супена лажица мед се ставаат во млак чај/млеко и се остава да преноќи до наредиот ден кога веќе наутро на празен стомак може да се испие;


5.Веќе отстоен свеж полен во јогурт, чај, млеко или кисело млеко се става во блендер заедно со 1-2 супени лажици мед, боровинки и малини и убаво се блендира и веднаш може да се користи;


6.Oвесни снегулки со полен: Додадете 1 супена лажица полен во вашиот рецепт за овесни снегулки што се оставаат преку ноќ, така што ќе измешате свеж полен заедно со овесот, млекото и овошјето. Наутро ве очекува појадок богат со хранливи материи и подготвен за јадење.


7.Утринско засилување со смути: Додадете 1-2 супени лажици свеж полен во вашето омилено утринско смути. Изблендирајте го со банана, бадемово млеко, спанаќ и рака бобинки за дополнителен нутритивен удар.


Секако, свеж полен може да користите и со вашиот омилен сладолед, палачинка, торта или некој друг ваш омилен десерт, само што искористеноста на поленот нема да биде 100%.


 

А како да се чува свеж полен?



Со цел да со сочуваат сите хранливи материи најдобро е поленот да се чува замрзнат и да се користи според вашите потреби. Иако замрзнат, поленот многу лесно се користи. Поленот може да отстои и неколку часа на собна температура без да ги изгуби потребните својства, но најдобро е секогаш да го чувате замрзнат. Исто така, доколку вашиот свеж полен е измешан со мед можете да го чувата на собна температура бидејќи медот на природен начин го конзервира поленот.


Нашата пчеларска фарма „Макавеи“ го произведува најдобриот и најквалитетен полен од падините на Кожуф планина. Посетете ја нашата продавница и уверете се во силата и моќта на нашиот уникатен полен.

Продавница